Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција...

Едмонд Бекири / 8 ноември, 2022 5:53

Златев вели дека нема да се откаже и правдата ќе ја бара ако треба и во Стразбур!

Златев: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор!

Откако денес Основното јавно обвинителство објави дека ќе поднесе обвинение против новинарот Љупчо Златев затоа што објавил...

Катерина Крстиќ / 30 јули, 2020 18:53

Ова е класично вршење притисок од страна ОЈО врз ,,Економски Лидер” и главниот уредник Љупчо Златев, кој објави документи за злоупотребата на УБК.

ОЈО против слободата на медиумите: Поднесено обвинение против Златев затоа што откри злоупотреба во УБК

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Љупчо Златев за продолжено кривично...

Катерина Крстиќ / 16:23

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела

Обвинителството на Рускоска ги превзема надлежностите на СЈО?!

Предметите од екс- специјалното обвинителство по оставката на шефицата Катица Јанева беа предадени на Јавното обвинителство,...

Катерина Крстиќ / 18 декември, 2019 11:04

После информациите дека во случајот „Рекет“ се вмешани и други луѓе, меѓу кои и политичари, од ОЈО тврдат дека истрагата се води непристрасно и професионално.

Катица Јанева три часа правеше увид на доказите против неа – го напушти Обвинителство и замина во Шутка

Екс специјална обвинителка, Катица Јанева, по три часа го напушти Обвинителството за организиран криминал и корупција каде...

Весна Петровска / 26 септември, 2019 17:34

После второ рочиште, ќе пресисаш, ќе те пренесат пет портала, на трето рочиште три, и после сите ќе заборават дека постоиш.

Јоци до Александар Инфомакс: “Брадоњо, кариера вака не се гради, не си ѕвезда, а ниту ќе бидеш- урлаш ко јагне на клање„

,,Најпрогонуваниот”, кој, откако доби кривична од ОЈО, а допрва кривични од пола Влада по пошта, ќе мора да сфати една ствар...

admin@magazin / 25 септември, 2019 9:27

На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.

ОЈО Гевгелија крена раце од Катица Јанева: Обвинителката разрешена и од Гевгелија!

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување...

Рејхан Бајрами / 16 септември, 2019 14:03

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството.

Се спремаат ли да го апсат Мицкоски? ОЈО ги разгледува исказите, Мицкоски тука сум апсете ме!

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот...

Македонка Димкин / 12 септември, 2019 18:19