Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се...

admin@magazin / 1 ноември, 2023 6:57

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

– Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Набавен гас за топланите за цел декември

Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен гас и испораката на топлинска енергија...

admin@magazin / 1 декември, 2022 6:17

Оттаму велат дека топланите имаат капацитет да ја покријат целосната побарувачка на топлинска енергија. За нив има гас само до крајот на месецот, но не значи дека ќе останат без енергенс по 1 ноември, рече премиерот Ковачевски. Тој објасни дека за државата е поисплатливо да го купува гасот авансно на месечно ниво.

Грејната сезона почнува за 5 дена, владата уверува дека парно ќе има и по 1 ноември

Со или без ТЕ-ТО скопјани нема да останат без парно, уверува Владата. Оттаму велат дека топланите имаат капацитет да ја покријат...

admin@magazin / 10 октомври, 2022 18:13

На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

РКЕ ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на парното греење во Скопје која ќе важи од 1 август. На...

admin@magazin / 29 јули, 2022 10:14

Ќе се стоплат ли скопјани зимава - енергетската криза зема сѐ поголем замав

Скопјани по дома во Јакни и Бунди како да се на Шарпланина

Владините претставници се децидни дека нема да дозволат граѓаните да останат без парно греење. Општините бараат помош за...

Македонка Димкин / 11 јануари, 2022 14:06

Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија

АД ЕСМ, подружица ,,Енергетика”, врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на...

Владо Марин / 10 јануари, 2022 17:56

Од БЕГ информираат дека за домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври 2020 година ќе започне регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае, сѐ до 15 април следната година.

Денеска започна новата грејна сезона

Денеска започна грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој...

Владо Марин / 15 октомври, 2020 16:26