Високите европски функционери со став дека Северна Македонија испорачала и сега на потег е ЕУ. -Северна Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на Твитер откако претходно во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол, бараат отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со двете земји.

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија...

Весна Петровска / 9 октомври, 2019 18:51