Не се работи за одземање старателство, што е стандардно во вакви постапки, туку името и постоењето на мајката да се избрише од потеклото на детето! Имено според документацијата пред судот, таткото Невзат Абдија од Тетовоимал нарушени брачни односи со сопругата Ханифе Бејтулаи па на почетокот на 2014 година Невзат ја претепал Ханифе Бејтулаи, се заканувал со пиштол на нејзиното семејство, го грабнал малолетното дете и два дена го чувал на непозната адреса, а кога полицијата била повикана да асистира го нападнал и службено лице за што е осуден со првостепена пресуда на казна затвор од 6 месеци која по негова жалба е преиначена во условна осуда од Апелациониот суд во Гостивар.

СКАНДАЛ ВО СУДОТ! На мајка во Тетово сакаат да и одземат мајчинство

Судот во Тетово ќе решава за случај каков Македонија во својата историја не памети. По развод на ридителите таткото бара...

Весна Петровска / 29 ноември, 2019 17:32