Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД поради мешање во изборниот процес, неофицијално дознава „Фокус“.

Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

- Advertisements -


Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, Димовски на тој начин сака да избегне одговорност, бидејќи согласноста во рамки на АНБ минала низ неколку филтри, а крајниот потпис го става токму директорот, кој пак е назначен од Владата.

Во исчекување директорот да реферира и на затворена владина седница, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека повеќе институции дале зелено светло за државјанството на прорускиот украински бизнисмен, но, како што додаде, по новонастаната ситуација ќе побараат дополнителни информации.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, оцени дека се работи за скандал, бидејќи, според него, податокот дека Онишченко се наоѓа на црната листа на САД не треба специјално да се обезбедува, бидејќи се работи за јавно објавена информација.

Инаку, овој случај изби во време кога се уште актуелниот директор на АНБ Димовски се спрема за замине на амбасадорска служба во Париз.

Суспендирани двајца припадници на АНБ за случајот „Онишченко“!

Станува збор за вработени во одделот за стратешка соработка, дознава „Фокус“. Двајца припадници на Агенцијата за национална...

admin@magazin / 21 ноември, 2022 14:49

Меси не го заврши овој меч, откако беше исклучен по конфликт со Гари Медел за што дополнително доби казна од еден натпревар.

ЛИОНЕЛ МЕСИ ЈА ДОБИ КАЗНАТА: Аргентинецот суспендиран на три месеци!

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси доби тримесечна суспензија, поради коментарите за наводна корупција по завршувањето...

Перо Милчин / 3 август, 2019 9:58

Тој не ја отфрла можноста Албанија да се соочи со вакви одлуки и од други земји членки на ЕУ

Мета: Одлуката на Холандија за суспензија на безвизниот режим за Албанија е без преседан

Албанскиот претседател Илир Мета, коментирајќи ја одлуката на холандскиот парламент за суспензија на безвизниот режим со...

admin@magazin / 17 април, 2019 11:20

Суспензијата за Португалецот следи по добиениот црвен картон на натпреварот против Валенсија

Суспензија од еден натпревар за Роналдо

На своето деби во Лигата на шампионите, ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо доби директен црвен картон. Португалецот...

Данаил Михајловски / 27 септември, 2018 16:40

Килијан Мбапе нема да биде во составот на Пари Сен Жермен на следните три натпревари

Суспензија од три натпревари за Мбапе (ВИДЕО)

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе е суспендиран поради црвениот картон добиен на натпреварот со Ним одигран минатиот викенд...

admin@magazin / 6 септември, 2018 15:48