години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат е на слобода. Тој доби слободен викенд.

dobivaj vesti na viber
Јане Ченто беше пречекан од голем број негови пријатели од Прилеп кои се собраа да поразговараат со него.

Вилијам Михајловски на својот Фејсбук профил објави фотографија со баба му и напиша дека таа го дочекала да го види и ќе го дочека и кога конечно ќе излезе на слобода.



Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега претседателка на Уставниот суд.

„Лично сакам вие судијке Кацарска и овој совет да ме судите, а не политичките елити кои го донесоа законот за селективна амнестија. Сакам да кажам дека доверба имам само во вас, зашто најмногу вие сакате да се дознае вистината за овој настан и да има правда. Точно е дека сме влегле во Собранието понесени од емоции, ама треба да се утврди точно кој што направил. Но само вие имате право да не судите и никој друг, а најмалку политичарите, и тоа во недокрај завршена постапка. Време е да докажеме како држава дека има владеење на правото. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие судете ме и кажете дали сум виновен или не”, рече Ченто, кој беше еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието во декември 2018 година. Амнестијата ги опфати тогашните петтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски.

Амнестирани беа и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен и Владо Јовановски. Игор Дурловски, кој беше во оваа група, воопшто и не побара амнестија, но доби ослободителна пресуда која потоа ја потврди и Апелација.

Со амнестијата се спасија и: браќата Стефан и Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Илија Славески и Митре Питроповски.

Покрај 15 обвинети во овој предмет, амнестирани беа уште 10 други лица опфатени во помалите предмети кои се однесуваа на учество во толпа.

Јане Ченто и Вили Михајловски по шест години во затвор прв пат добија слободен викенд

По 6 години откако беше притворен и затворен, по настаните во Собранието на 27 април, Јане Ченто за првпат е на слобода. Тој...

Перо Милчин / 4 јуни, 2023 18:05

Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Семакедонски протест на 25 април во 11 часот пред владата на Република Македонија

Почитувани, Ве поканувам на 25 Април (недела) 2021 година во 11 часот пред Владата на Република Македонија независно од вашата...

Перо Милчин / 19 април, 2021 23:46

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети.

НЕЗАБОРАВ: 63 години од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто

63 години од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто. Со седницата заседаваше Методија...

Владо Марин / 24 јули, 2020 18:29

Македонскиот народ беше оставен сам на себе. Политичката елита го намести искрениот и чесен македонски народ.

ЈАНЕ ЧЕНТО: За некого 27-ми април е “крвавиот четврток”, за дел од народот е симбол на непокор!

За некого 27-ми април е “крвавиот четврток”, за голем дел од македонскиот народ е симбол на непокор. За жал специјалната...

Перо Милчин / 28 април, 2020 5:44

Разбирам зошто од власта се нервозни, затоа што народот е кренат на нозе, веќе свесен за тоа што се случува.

ЈАНЕ ЧЕНТО: Борбата за Македонската држава никогаш не запрела- ќе не огрее сонце

„Правдата е нападната од неправдата!“ Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го започна својот говор на вечерашниот...

Владо Марин / 25 февруари, 2020 20:28

За која правда зборувате? Па вие добро знаете дека еден ден тие ќе излезат од тие зандани и што тогаш драги ,,ПРИЈАТЕЛИ,, дали тоа ќе биде за 5,10 или 15 год и што ќе правите тогаш.

Таткото на Јане Ченто со порака до политичарите

Предавници на МАКЕДОНИЈА, ви се ближи денот кога ќе се соочите со нашиот гнев, гнев кој нема да има крај за такви ко вас. За...

Мирко Бачиќ / 10 февруари, 2020 21:12