-Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени.

Објавил: Сара Фемина | 23 септември, 2019 19:46

TEШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ЕЛБАСАН: Четири жени од погреб заминаа во смрт!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени.

Во тешката сообраќајната несреќа учествувале три автомобили, во близина на селото Папер. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, стои во соопштението.

-Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени. Жените, кои се на возраст од 30, 55, 60 и 68 години заедно со едно од повредените лица се враќале од погреб. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, поради што возилото во кое биле настраданите се излизгало и удрило во еден, па во друг автомобил и излетало од патот, стои во соопштението.

Во извештајот на Светска банка стои дека Албанија има едно од највисоките нивоа на смртност во сообраќајни несреќи во Европа, со просечно 84,7 загинати годишно на 100 илјади возила.
Според Банката. овој податок е најмалку двапати повисок од оној во земјите од регионот, каде смртноста при сообраќајки изнесува од 13,8 загинати на 100 илјади возила во Грција, до 41,3 во Црна Гора.
Доколку се направи споредба со податоците во развиените западни земји, смрттноста при сообраќајни несреќи во Албанија е дури и десетпати повисока.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Повредени се најмалку 180 лица како последица од ударите на тајфунот, а околу 38.000 лица се евакуирани од своите домови, наведува агенцијата Кјодо.

Тајфунот Хагиби однесе 40 животи, исчезнати се 17 лица а над 180 се повредени

Тајфунот Хагиби направи хаос во Јапонија каде бројот на настрадани лица нарасна на...

Во авионот бил возачот на претседателот на Конго и неговиот менаџер за логистика, како и неколку војници.

СЕ СРУШИ АВИОН ВО КОНГО: Има загинати меѓу кои и членови на кабинетот на претседателот!

 Се сруши товарен авион на истокот на Конго, загинаа сите осум патници и членови...

Пензионерот Ла Лоџе кој живеел на стара фарма, починал на 2 мај од инфекција на цревата.

Пензионер чекал 23 часа во болница и на крај починал: Камерите снимиле скандалозен пропуст на медицинскиот персонал(ВИДЕО)

Италијанскиот пензионер Џузепе Рамонјино починал во болницата во Монкалијерија, блиску...