МВР

Објавил: Калина Мартинска | 31 јули, 2024 11:44

Toшковски: Претрес во Скопје, пронајдени над 140 паковки со дрога, одреден притвор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје.

-При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари, истакна Тошковски.

Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.

Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје.

Прочитај и ова:

Тошковски: МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести