Авиокомпанијата ‘Визер‘ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот ‘Свети Апостол Павле во Охрид,изјави министерот Сугаревски.

Објавил: admin@magazin | 22 декември, 2018 15:38

“WIZZ AIR” ке продолжи да лета за Република Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави дека јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании е завршен и на него се пријавила само компанијата „Визер“.

Визер ги исполнува сите услови наведени во понудата, по извршената евалуација на понудата од страна на Комисијата надлежна за спроведување на јавниот повик.

Исполнети се сите критериуми и според нив Wizz Air има голема обврска да започне со 4 нови дестинации наредната 2019 година, изјави актуелниот министер ѕа транспорт и врски Горан Сугаревски.

„Согласно критериумите авиокомпанијата ‘Визер‘ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот ‘Свети Апостол Павле‘ во Охрид и тоа првите две до 26 март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на договорот. Исто така има обврска да воспостави и две нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје до 26 март 2019 година и истите да ги опслужува најмалку две години. Сакам да ѝ честитам на компанијата „Визер“. Тие и понатаму остануваат сериозен партнер на Владата во развој на авиосообраќајот во земјава“, рече министерот Сугарески.

Од буџетот на Република Македонија за субвенционирање на нискобуџетната компанија од 2019 до 2022 година, предвидени се 5 милиони евра. „Визер“ ќе добие еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од Меѓународен аеродром Скопје и аеродром „Свети Апостол Павле“ – Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...