Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка.

Објавил: Владо Марин | 11 јуни, 2020 20:30

АНГЕЛОВСКА: Граѓаните во Македонија ќе добијат финансиска помош!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Нина Ангеловска, министерка за финансии во техничката Влада, во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со објаснување дека платежната картичка е темелно осмислен проект, а на банките издавачи веќе утре ќе им бидат префрлени 28 милиони евра кои ќе бидат ставени на располагање на граѓаните.

“Платежната картичка е еден огромен и темелно осмислен проект кој во кратки рокови е ставен во функција. Веќе има налог до трезорот и утре ќе бидат исплатени 28 милиони евра директно до деветте банки издавачи на картичките коишто ќе бидат веднаш ставени на располагање за трошење на средствата од страна на граѓаните. Мерката е добро осмислена да даде навистина насочени цели и ефекти како кон погодените сектори: угостителство, туризам, македонски производи и услуги, во смисла на тоа дека 28 милини евра ќе се влеат во погодените сектори преку граѓаните, а секако мислевме и на тоа да се опфатат сите граѓани, односно 4 таргет групи, коишто ќе добијат домашна платежна картичка, односно 325 000 граѓани. Граѓаните коишто добиваат највисок износ на поддршка се невработените лица и приматели на социјална помош коишто се активни баратели на работа. Нашата цел е да ги држиме луѓето активни со цел сите да придонесуваме за да економијата оди напред и да расте. Пасивните или неактивните баратели не се опфатени бидејќи тие не се пријавени во Агенцијата за вработување и тие всушност не се баратели, тие можеби работат хонорарно, имаат доходи по други основи, остваруваат приходи од автоски права и сл.

Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19.

Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка.
Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба, вели министерката Ангеловска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...