Боки13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание, имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски

Објавил: Данаил Михајловски | 22 јули, 2019 10:21

Боки 13 се среќавал со Кирацовски во Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин

Бојан Јовановски, алијас Боки13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание, имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски, тогашен генерален секретар на СДСМ. Средбите се случувале во текот на работното време во канцеларијата на пратеникот Кирацовски и траеле по околу час и половина. На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ. Посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез. Засега не е познато кои биле темите на разговор при овие средби на Боки13 и пратеникот Кирацовски во Собранието. Ова за Магазин го дојави службеник вработен во Собранието, кој инсистира на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери.

Боки13 и Александар Кирацовски оствариле најмалку три работни средби во канцеларијата на пратеникот во Собранието на Република Македонија, во периодот јуни-ноември 2018 година. На две од средбите била присутна и пратеничката Фросина Ташевска Ременски. Во тој период Кирацовски беше генерален секретар на СДСМ.

Пред два дена од страна на порталот А1-он пратеникот Кирацовски беше прашан дали имал некави деловно-приватни релации со првоосомничениот за случајот “Рекет“, Боки 13, при што Кирацовски одговори: “Посебна приватна дружба сум немал, бидејќи јас не сум можел да се видам со моите другари, а не пак со Боки или било кој друг. Не знам кој е Кики, но вие мислите дали станува збор за мене? Дај Боже нека објави Геро дека јас сум Кики, па да се расчистиме до крај, апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму напишано разно разни глупости. Инаку ова мене ми личи на инсинуација со одредена намера“. 

Во јавноста на големо се шпекулира за тоа кои се ликовите Кики и Фрики, кои засега остануваат само измислени псевдоними од страна на новинарот Бранко Героски, кој тврди дека тоа се функционери на владеачката партија со своја битна улога во медиумско-политичката група за рекет на бизнисмени, преку уцени со злоупотреба на материјало во посед на СЈО и Катица Јанева. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.