И во Скопје и околината ќе продолжи нестабилното време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со град.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 август, 2020 10:18

Детална временска прогноза: Продолжува нестабилното време – постабилно време од понеделник

Фото/Текст извор: ©Фокус.мк

До крајот на оваа недела времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервало од 22 до 29 степени.

И во Скопје и околината ќе продолжи нестабилното време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималнате температура во Скопје овие денови ќе се искачи до околу 25 степени.

Постабилно и потопло време ќе имаме од понеделник.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.