Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта.

Објавил: Владо Марин | 12 јуни, 2020 17:48

ЕКСКЛУЗИВНА ВЕСТ: Клиниката „Жан Митрев“ излекува заразен пациент со прочистување на крвта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во саботата, во доцните ноќни часови во клиниката Жан Митрев, беше примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку веднаш не се оперираат со што се решава крварењето со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

Додека заврши операцијата, стигна и резултатот од земениот брис кој покажа дека пациентот е позитивен на КОВИД 19. Тој уште при приемот имаше знаци на температура и кашлица, па со ова се потврди и сомнежот.

Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со КОВИД 19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, се обидовме веднаш после операцијата да го префрлиме таму, бидејќи од хируршка страна беше згрижен (операцијата беше успешно направена), но не успеавме, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примаа пациентот.

Во саботата, во доцните ноќни часови во клиниката Жан Митрев, беше примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку веднаш не се оперираат со што се решава крварењето со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта, соопштија од Клиничката болница „Жан Митрев“ во Скопје.

Оваа метода ја работиме наназад 8 години и со огромното искуство, кое до сега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со КОВИД-инфекција во ваква состојба немавме искуство.

Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта.

Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравуваше, па по два дена направивме повторен тест за КОВИД, на кој беше негативен. И наредните 3 теста покажаа негативен резултат. Така да после само 6 денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на КОРОНА вирус го пуштаме дома.

Ова е само едно позитивно искуство, велат од болницата!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...