Јас во Мк не можам да се појавам од срам. Е, сега како новинарите и јавноста ќе го протолкуваат ова и кој какви последици ќе сноси, тоа Господ Бог не може да го спречи и неутрализира. После каранја нема кајанја!

Објавил: admin@magazin | 31 мај, 2019 13:11

Нова Бомба: Кој е Алекс Ружин, дознајте каква “особа” го советува премиерот (+16)

Фото/Текст извор: ©магазин

Деновиве до редакцијата на Магазин пристигна еден маил од чија содржина секој би се запрашал дали Алекс Ружин треба и може да советува еден премиер на Држава. Имено се работи за еден  маил кој го добивме од еден загрижен граѓнин кој смета дека Јавноста треба да биде запознаена бидејќи советникот зема плата од државниот буџет, кој е на граѓаните, кој всушност е советникот на Зоран Заев. Секако нашиот извор ќе остане анонимен и заштитен според новинарскиот кодекс.

Во продолжение ви го пренесуваме мајлот кој Алекс Ружин го испраќа на пријатели од Антониа Шоља (со која беше во врска) каде што тој ја опишува каква била лоша неговата тогашна „свршеница„. (Маилот датира од 2011 година)

Откако поминав низ најголемиот пораз и разочарување во мојот живот, и како резултат на тоа обелоденив повеќе вистини за Антонија Шола и нејзиното семејство:

Дека ме напушти без објаснување и дијалог:

Дека ми раскина по маил, исто како и на Лука

» Дека Томислав и Каја ми се заканија со полиција и ми претеа и не ми дозволија да ја видам Антонија

Антонија Шола, детството го поминала во Јаворје кај Запрешиќ и Бјеловар. Таа е апсолвент на хрватските студии со насока на социологија и хрватската култура. Со студиите и улогата како Тина Фијан во Забранетата љубов, таа пее и пишува песни. Како изведувач, неколку пати учествуваше на Дора и на фестивалот “Тие доаѓаат”, како дел од радио фестивалот каде што ја освои наградата за најдобар дебитант. Како текстописец таа се појавува на албумите на Тони Четински и Тоше Проески, а исто така го издаде својот прв албум “Ангели”. Таа го потпиша текстот за песната Срцето не камен во изведба на Тоше Проески, која е увод на RTL во „филмската сапуница„ “Забранета љубов”. Во 2007 година настапи на хрватскиот радио фестивал со песната Ангела. Како автор, учествува во албуми на различни уметници низ целиот Балкан.

» Дека Антонија Шола ми призна дека имала паралелна врска со женетиот татко на Две деца Дамир Поповиќ-Газде, додека била во врска со Лука и дека моите сомнежи биле силни и оправдани и дека продолжила да се гледа со него, кога не ми кревала на телефон.

» Дека можеби ме искористи како квиско, за да и се освети на Лјила и по 3 годишна забрана, се појави на концертот на Тоше Проески, со оглед дека не постои друго логично објаснување на нејзиното исчезнување

» Дека можеби под влијание на мајка и и некој духовни влијанија ме остави, дека Каја не сакала да спијам во нивниот дом и ме нарекла „ТУРЧИН„

» Дека со нејзе планирав иднина и семејство како и заеднички бизнис и купување на стан во Хрватска

»Дека беше изолирана и недостапна за сите пријатели кои се обидоа да стапат во контакт со нејзе и помогнат да се регулираат на мирољубив начин проблемите со кои се соочи врската, меѓу кои и Петра, Ресулј, Дренка и останати.

» Дека свесно ме пушти да се вратам во Скопје, по истиот пат кај загина Тоше, скоро 2000 км во еден ден, на запад ова е кривично дело кога ќе дозволите свесно пијан да вози, во случај на несреќа имате полна одговорност.

» Дека Антонија Шола изјави за Македонија дека прљава и бедна земја, со нецивилизиран народ(ова може и да не се објави не сум сигурен, колку е бедно што плукаш по онаа земја која топло те примила и присвоила)

» Дека се до вечерта додека Антонија не ме исплука кај Дамир од Глорија и не ме нарекла со секакви имиња ја сакав таа жена и бев спремен да и простам, но сега ми е сликата за нејзе тотално изменета.

Ако нешто сум изоставил простете ми, бев контактиран од повеќе новинари, па не се сеќавам баш најдобро што реков

Како што и ви кажав дека очекувам, Антонија Шола почна да ме мести за да ми прави проблеми. Ја извести Вејка дека јас сум зборел дека таа била во комбинација со некој дечко од Скопје, а истиот реално никогаш не ни имал ништо со Вејка, ниту добро ја познава. Ако е оној на кој мислам, тој ми е многу добар пријател и тешко дека ќе поверува во лагите на Антонија Шола, за која цела Македонија има лошо мислење, откако без пардон на нај кукавички начин ја напушти државата и фрли се во вода, со што ја докажа својата лабилност и неискреност како и фактот дека е крајно дрска и неморална лажга.

Ја откако, таа разговарала со Вејка, прифатив примирје и повлекување од изјави, интервјуа итн, за да конечно се стави крај на сето ова и секој да тргне по својот пат. Јас имам уште две интервјуа кои ќе бидат објавени. Не можам да ги спречам, прекасно е. Потоа се повлекувам, нема потреба од ствар. После целиот срам кои таа го приреди на моето семејство и мене, можеби ќе бидеме 1:1 !Јас во Мк не можам да се појавам од срам. Е,сега како новинарите и јавноста ќе го протолкуваат ова и кој какви последици ќе сноси, тоа Господ Бог не може да го спречи и неутрализира. После каранја нема кајанја!

Вејка и Лука не се луѓе кои работат на копање гроб на Антонија, тој емаил беше испратен како чиста провокација, односно проверка дали Антонија т.е Сандра ќе му пренесе на Лука што сум пишал, за да се осигурам дека Антонија не се смирила со Лука. Сандра веднаш му пренесе на Лука, тој на мене, така да открив дека се во контакт и тоа не ми пречи воопшто.

Антонија Шола  на Макеоднската јавност и постана позната откога го сними нумерата „Волим осмијех твој„ со легендарниот Тоше Проески.

Она што можев а не го објавив :

» Антонија Шола исто така го излажа мојот татко дека сака да се смири со мене и дека ме сака, дека до крај на Велјача/ Февруари, ќе се види со мене да расчистиме очи во очи, а тоа не го направи, иако јас инсистирав и немаше да дојде до ова.

» Антонија Шола ископира мои фаилови од мојот лаптоп, исто како што му покажа фаилови и на Лука на својот backup, кривично дело.

» Антонија Шола избриша слики од мојот компјутер од моја добра и драга пријателка и потенцијална бизнис партнерка Вејка, кривично дело.

» Антонија Шола прифати да и купам автомобил од Белгија, АУДИ А3, со кој сега незнам што да правам, а кога би го продал сигурно би изгубил сигурно 4000 до 5000 евра, затоа што на македонскиот пазар спортски коли со 3 врати многу тешко се продаваат.

» Антонија Шола планираше брак, свадба и деца се сложи со сето тоа, како и тоа што се сложи да секој пат кога водиме љубов биде без заштита и да и свршам во нејзе, што за мене беше ново и никогаш до сега непрактикувано искуство, со оглед на сериозните намери.

» Антонија Шола сакаше да биде со мене и да ми изјави доживотна љубов, која и е поважна од било што на светот. Доказ се многуте смс пораки, писма, како и сведоци пред кои тоа го збореше, кои денеска не можат да поверуваат што гледаат.

По скандалот со Шола во 2011 година, пред три години Ружин повторно беше актуелан во јавноста, откако објави видео со тогашната девојка Елена со која се снимаат во автомобил додека шетаат низ Европа и раскажуваат колку се сакаат. Видеото наиде на потсмев во јавноста, па тој го тргна и објави ново во кое на сите што му се смееја им кажа дека „Никад нема да се возите у добро ауто како што се возам јас“.

» СМС пратен на Антонија Шола, пораки кои таа ме замразила наводно, таа сфатила како јас ја обвинувам за смртта на татко и, а се однесуваше повеќе на мајка и, откако се уверив во нехуманоста и непринципиелноста на таа жена, која не ме сакала никогаш и дури не и даваше телефонски да збори со мене. Антонија се криеше кога збореше со мене, така да беше напишано под афект во 3 наутро во пијана состојба, додека Антонија беше недостапна повторно откако сме во врска, откако по не знам кој пат и звонев.

Се однесуваше повеќе на мое претпоставување на генералниот однос кој владеел во таа куќа, лоша комуникација и отсуство од страна на Антонија од семејниот дом, кои се наведени како потенцијални фактори, кои можеби влијаеле за прераната смрт на нејзиниот драг татко, без таа да се обиде да му помогне и оттргне од лошите навики, со оглед дека Каја не успеа во тоа. Не беше никакво обвинение или револт. Помислив дека со таква жена и таков однос и јас би умрел од нервоза или стрес, кој свесно и секојдневно ми го приредуваше драгата и мила Антонија Шола, жена со две лица. А сите знаеме како реагираме кога сакаме, глупости секојдневно си кажуваме, а не ги ни мислиме…

Од друга страна нема потреба Антонија Шола, да бара заштита од МНР на Хрватска и Здравко Чокиќ, јас не и претев на нејзе, туку и посакав јас да умрам кога ме остави и тоа и го пишав за да таа се покае, исто како што направив и преземав многу други акции, но се беше залудно. Очигледно раскидот беше планиран од порано и таа чекаше најмала ситница за да ме шутне…

ТОА Е ВИСТИНАТА, 100% ЧИСТА И ИСКРЕНА, АКО ИМАТЕ ПРИМЕДБИ СЛОБОДНО ПИШЕТЕ!

ВЕ ПОЗДРАВУВАМ СИТЕ. СО ПОЧИТ

АЛЕКСАНДАР РУЖИН 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести