Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски!

Објавил: Владо Марин | 29 ноември, 2020 17:10

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, порача попладнево премиерот Зоран Заев преку својот Фејсбук профил.

Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.

Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.

Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик, вели Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести