Заев по врачувањето рече дека му е чест и одговорност што денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски го доби мандатот за составување нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2020 18:10

ЗАЕВ: Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мандатот за формирање на нова Влада е во рацете на Зоран Заев. На пладне претседателот Стево Пендаровски му го врачи документот за формирање Влада.

Заев по врачувањето рече дека му е чест и одговорност што денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски го доби мандатот за составување нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

Пред македонското Собрание ќе испорачам предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, која е решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.

Мандатот за формирање на нова Влада е во рацете на Зоран Заев.

Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главни принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство, рече Заев!

Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност. Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија, потенцираше Заев!

Ќе водам Влада која во целост ги почитува Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести