Дистрибуцијата на вакцината фајзер ќе започне веднаш откако ќе добие „зелено светло“ од американската Администрација за храна и лекови, објави порталот Вашингтон Хил.

Објавил: admin@magazin | 29 ноември, 2020 18:30

ЗАПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА: Првите дози се транспортираа од Белгија во САД

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Првите дози на вакцината против коронавирусот на американската компанија „Фајзер“ се пренесени од Белгија во САД, изјави за „Ен-Би-Си“ извор информиран за работата на одделот за планирање на американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“.

Дистрибуцијата на вакцината фајзер ќе започне веднаш откако ќе добие „зелено светло“ од американската Администрација за храна и лекови, објави порталот Вашингтон Хил.

Волстрит журнал објави дека Јунајтед ерлајнс испратил неколку авиони за транспорт на вакцините фајзер во САД, а во изјава за Хил минатиот петок, Федералната управа за авијација на САД (ФАА) исто така потврди дека „обезбедува поддршка за првиот масовен воздушен транспорт на вакцини“. ”

Исто така, беше наведено дека ФАА дозволи Јунајтед ерлајнс да носи 15.000 килограми сув мраз на летот, што е пет пати повеќе од дозволеното оптоварување, бидејќи вакцината фајзер мора да се чува на температура под нулата, со цел да се зачува ефикасноста на препаратот.

Минатата недела, оваа американска фармацевтска компанија поднесе барање за одобрување за итна употреба до европските и американските институции, бидејќи употребата на вакцината не е можна без соодветни дозволи од надлежните органи во ЕУ и САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.