Ибраимовски имаше забелешки за работењето на владата, за поткупот на гласови на ромската заедница но и третманот кој го имаат од власта, ова е трета негова реакција

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 13:02

Ибраимовски со црвен картон за Заев, доста не лажете

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот, Самка Ибраиовски од ПЦЕР обвинува дека не се почитуваат конкурсите во државните институции за вработување на Ромите и на местата предвидени за Роми се вработуваат припадници на други етнички заедници.

Ибраимовски кој беше и министер без ресор, но се врати во пратеничките клупи како дел од т.н. парламентарно мнозинство, упатува последна опомена до премиерот, да се почитуваат правата на ромите или тој ќе има поинаков став кон коалицијата.

Првиот конкурс е објавен од Јавното претпријатие за државни патишта, за советник за контрола на сообраќајот и одржување компјутерска опрема. Предвиден за Ром, но примен беше Македонец. Конкурсот беше објавен втор пат само за да се елиминира единствениот Ром кандидат кој ги задоволува сите потребни услови. Втор ваков случај имаше во Министерството за земјоделие. – рече Ибраимовски.

Трет најеклататнтен пример на непочитување на конкурсите, според Ибраимовски, имало во Заводот за статистика каде спротивно на законите, конкурсната комисија во еден случај примила кандидат кој ги заокружил сите етнички заедници само за да добие работно место.

Тој додаде дека ќе бараат поништување на поминатите и објавување на нови конкурси но и одговорност кој ги носи одлуките и кому му сметаат ромите?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести