Поточно, со само 75.000 долари на сметката, но неговото богатство сепак е огромно во недвижнините.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2020 21:17

МАРАДОНА УМРЕ СИРОМАШЕН: Богатството остана во недвижен имот, започнува БИТКАТА за наследство!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Диего Марадона почина скоро сиромашен со оглед на тоа колку пари заработил во животот.

Поточно, со само 75.000 долари на сметката, но неговото богатство сепак е огромно во недвижнините.

Ја искористија неговата љубезност, некои дури и украдоа од него“, вели неговиот близок пријател Луис Вентура. “Вистина, тој имаше малку пари, но парите никогаш не му значеа ништо. Ниту, пак, ги носеше со себе, никогаш немаше повеќе од 100 евра во паричникот”, рече тој.

Диего Армандо Марадона Франко беше аргентински фудбалер и фудбалски тренер. Марадона беше една од „легендите на светскиот фудбал“и важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата. Тој се прослави на почетокот на својата кариера со Аргентинос јуниорс пред да се пресели во Бока јуниорс и да стане аргентински шампион во 1981 година. Потоа, Марадона се пресели во Европа во ФК Барселона за рекордна сума за трансфер. 

Анџело Писани, кој е адвокат на Марадона во Италија, вели дека должел околу 40 милиони за данок, како и дека ја тужел италијанската држава за околу 50 милиони, што наводно останал должен уште од времето кога играл во Италија.

На Марадона во Италија, даночните власти беа немилосрдни и му ја одзедоа обетката, а тој накит го купи на аукција за 35.000 евра Фабрицио Миколи, поранешен италијански репрезентативец.

Диего од Белорусија доби дури 20 милиони евра за да биде почесен претседател на Динамо Брест, а за големи пари беше и тренер на арапски клубови.

„Тој остави зад себе огромни недвижнини. Имено, тој имаше зграда и неколку станови во Буенос Аирес, шест луксузни автомобили, инвестиции во Куба и Италија, како и фудбалски школи во Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...