Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно и нестабилно, повремено со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 10:27

Нестабилно време до крајот на неделава- честа појава на врнежи и грмежи, значително опаѓање на температурите!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Денеска времето во Македонија и натаму ќе биде претежно облачно и свежо, на повеќе места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно и нестабилно, повремено со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за локална појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Потоа до крајот на неделава ќе се задржи нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...