Со оглед на пандемијата со КОВИД – 19 и потребата од воспоставување на безбеден начин на вршење упис, средните училишта на град Скопје воведуваат проширување на дефинираните термини за првото пријавување согласно очекуваната заинтересираност на ученици за упис и досегашното искуство.

Објавил: Владо Марин | 14 јуни, 2020 10:11

ОВАА НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година. Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни 2020 година. 

Средните училишта на Град Скопје го организираат пријавувањето и запишувањето на ученици согласно Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта во Р.Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година.

Со оглед на пандемијата со КОВИД – 19 и потребата од воспоставување на безбеден начин на вршење упис, средните училишта на град Скопје воведуваат проширување на дефинираните термини за првото пријавување согласно очекуваната заинтересираност на ученици за упис и досегашното искуство.

Утврдените временски термини се поставени на нивните веб страни и комуницирани преку социјалните мрежи, а целта на проширените термини е да се овозможи максимална безбедност за сите кои се дел од процесот.

Од учениците се очекува да имаат претходно пополнета Пријава која е електронски достапна како и претходно подготвена целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето.Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател.

Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, оддржувањето на 2 метри физичка дистанца и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...