Неделава се очекува иницијатива за преиспитување на повреда на начелата на меѓународнот право пред ОН од Русија, Кина, Турција и земјите кои не признале по уставното име

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 12:05

ОН го послушаа Иванов, ќе се решава за Преспанскиот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обединетите Нации, преку Советот за безбедност на иницијатива на Руската Федерација, ќе заседава за Преспанскиот договор, кој ги крши начелата на меѓународното право.

Според информации од Руското министерство за надворешни работи се очекува во текот на претстојната недела иницијатива за одржување вондредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации да покрене Руската Федерација но и Кина, како две од петте постојани земји членки со право на вето.

Воедно како брифираат дипломати од ОН, Русија нема да навлегува во елементот на ЕУ и НАТО интегративните процеси, напротив, според извори блиски до министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, Македонија ќе го има истиот третман како и Србија.

Она што би било елемент за правно толкување согласно меѓународното праве е правото на самоопределување на една нација или народ, нешто за што на Генералното Собрание на ОН се повика и претседателот Иванов.

Шефот на рускара дипломатија најави дека во текот на оваа недела руското МНР ќе го започне процесот ОН да се произнесат за Преспанскиот договор како спогодба која ги крши начелата на меѓународното право, давајќи поддршка за НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија но само под уставното име.

Иванов во својот говор воедно ги повика и сите 140 држави кои не имаат признаето под уставното име да не ја менуваат одлуката врз основа на Преспанскиот договор.

Информации од турската дипломатија говорат дека токму таа земја ќе иницира и поширок спектар правни мерки во ОН. Имено Преспанскиот договор според турското МНР не е ни договор, тоа е спогодба која секоја влада може да ја донесе но тоа не значи дека веднаш има правен ефект.

Имено Русија, Кина и Турција ќе се повикаат на Уставот на Република Македонија но и на пропаднатиот референдум за промена на името, кој како волја на граѓаните не е пресликан со насилното убедување и уцени врз пратеници за почеток на уставни измени.

Факт кој повеќе говори дека се работи за класична уцена на една нација врз друга говори и последната изјава на грчкиот претседател кој побарал да се избрише секоја именка Македонија т.е. да се избрише Македонија во смисол на Втората Светска војна, каде Македонскиот народ се спомнува како дел од сојузничките сили во војната прови нацистичка Германија и фашистичките сојузници.

Правно Советот за безбедност нема ингеренции да решава за ваков вид спогодби, но се очекува иницијативата да премине во масовна поддршка од страна на земјите членки на ОН кои и пред да бидат имплементирани уставните измнени и усвоен новиот Устав на Република Северна Македонија, ќе ја информираат Владата и претседателот дека нивните земји без разлика на одлуката на Собранието во билатералната комуникација и пред меѓународните институции ќе го користат уставното име, Република Македонија.

Таков пример беше писмото од НАТО каде со фуснота беше обележано дека Република Турција ја препознава и признава државата како Република Македонија.

Колку држави ќе застанат зад таа фунснота во правен документ кој ќе призлезе од ОН?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести