Тој рече дека премногу луѓе во светот умираат поради недостиг на лекови и дека за тоа треба да размислуваат политичките лидери од земјите каде лековите се достапни за сите граѓани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2020 9:14

ПАПАТА ФРАНЦИСК: Овозможете вакцината да биде достапна и за најсиромашните!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Папата Франциск вчера апелираше до светските политички лидери вакцината против коронавирусот да ја направат достапна и за најсиромашните земји.

Истражувачите и научниците ширум светот непрекинато работат на развој на вакцина против новиот коронавирус, како најефикасно решение против пандемијата.

Многу делови на светот немаат пристап до здравствена заштита, тие се на „фармаколошка маргина“, потенцира папата за време на состанокот со италијанска група која собира донации од фармацевтски компании и дистрибуира лекови на клиниките и медицинските центри на кои им е најпотребно.

Тој рече дека премногу луѓе во светот умираат поради недостиг на лекови и дека за тоа треба да размислуваат политичките лидери од земјите каде лековите се достапни за сите граѓани.

– Повторувам, би било многу тажно доколку вакцината приоритетно им се даде на најбогатите, или вакцината да стане сопственост на оваа или онаа земја наместо на сите, рече папата, кој ја истакна важноста вакцината да биде достапна за сите.

Во меѓувреме Кина во моментот врши клинички испитувања на 11 потенцијални вакцини против Ковид-19, а четири од нив се влезени во трета фаза, изјави вчера кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг.

Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм” и „Синовак биотек” развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс”, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.