Таткото на тенисерот често пати во јавноста знае да даде контроверзна изјава за ривалите на својот син, па така и овој пат тој вината ја гледа во Григор Димитров, Бугаринот кој прв пријави позитивен тест.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2020 10:29

Се огласи таткото на Ѓоковиќ и го откри виновникот кој го рашири коронавирусот: ТОЈ дојде болен од којзнае каде

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера во јавноста излезе веста дека светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни на коронавирус, се огласи и неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ.

Таткото на тенисерот често пати во јавноста знае да даде контроверзна изјава за ривалите на својот син, па така и овој пат тој вината ја гледа во Григор Димитров, Бугаринот кој прв пријави позитивен тест.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ вчера потврдија дека се позитивни на Ковид 19, а нивните деца имаат негативни резултати….

Ѓоковиќ кој воедно и беше организатор на Адрија турот“ но за жал од таму замина тој и неколку други тенисери заразени со Ковид 19. Сепак тој се соочи со реалноста и со второто соопштение призна дека пораниле со турнирот и ја призна грешката, но сепак неговиот татко не гледа вина во него.

-На никој не му е сеедно поради оваа ситуација, па ниту на Ноле. Тоа е што е, од ова мора да излеземе посилни и мораме да сфатиме дека ова мора да пројде.

-Зошто се случи сето ова? Поради тоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде и потоа се случи тоа што се случи. Ви нанесе голема штета на вас Хрватите и на нас како семејство и на сите Срби, порача Срѓан во интервјуто за „РТЛ“.

По завршување на турнирот биле направени тестови за корона на 23 тенисери, а од нив тројца беа позитивни на корона меѓу кои е и најдобриот хрватски тенисер Борна Ќориќ, и Кристијан Грох а вчера и Ѓоковиќ потврди дека е позитивен.

Паники, Ќориќ и Грох останаа во Задар во самизолација.

Уште 19 други тенисери учесници на „Адриа купот“ биле тестирани, но тестовите биле негативни и тие го напуштиле Задар.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис