Но, ова е заедничка битка - чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме, потенираше тој!

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 ноември, 2020 9:39

Спасовски се врати на работа: Се вратив да продолжам да работам за доброто на граѓаните!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски!

Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето.

Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог.

Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме, потенираше тој!

Министерот Спасовски на 28-ми октомври објави дека е позитивен на ковид-19.

Тој ден пред тоа беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.