Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 15:26

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Јана Арсовска- не издржа да се соберат парите за лекување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По четири години битка со  ракот храброто срце на Јана Арсовска денеска престана да чука. 

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување  во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

Пред извесно време Јана беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

Почина Јана Арсовска која четири години се бореше со ракот…

Јана Арсовска боледуваше од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само еден во десет милиони. Се работи за агресивен канцер, кој после повеќе од една година повторно ѝ се вратил.

По четири години борба по болници, на Јана ѝ беше одбиена државна нега.

По дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Во јули годинава Јана со потресен статус на Фејсбук го привлече вниманието. Имено таа ја извести јавноста дека и беше одбиена државна нега, додека сè уште ги очекуваше резултатите од биопсијата за тоа дали и по третпат ќе треба да се соочи со сè.

И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, неспособна за работа сеуште, што чекам резултати од биопсија во страв да не биде коскената срцевина уништена од ударно зрачење, МЕ ОДБИВААТ ЗА НЕГА! Мене, што 4 години од животов ги поминувам во болници.

Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сила за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си заминам од тука. Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам. Амбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна… само да оздравам и би сакала да заминам во некоја друга земја, можеби поправедна! Барем се надевам!!! напиша тогаш Јана на Фејсбук.

Почивај во мир Јана!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam