Истражувачките центри за примати, долги години имаат со ограничувања на увозот на мајмуни од земји како Кина и Индија, но исе соочуваат и со недостаток на средства за чување на тие животни во САД.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 21:58

ТРКАТА ЗА ВАКЦИНА ДОВЕДЕ ДО НЕОЧЕКУВАНА ЗАГУБА: Нема доволно мајмуни за тестирање на вакцината за Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Index.hr

Глобалната трка за вакцина против коронавирус доведе до недостиг на мајмуни.

Според американските медиуми, пред да се тестираат потенцијални вакцини врз луѓе, претклиничкото истражување ја испитува безбедноста и ефективноста на вакцините кај мајмуните. Сепак, со повеќе од 100 можни вакцини кои моментално се во игра, побарувачката за мајмуни ја надмина понудата.

„Имаме недостиг“, рече д-р Скип Бом, помошник директор задолжен за ветеринарна медицина во Националниот центар за истражување на примати во Њу Орлеанс.

Истражувачките центри за примати, долги години имаат со ограничувања на увозот на мајмуни од земји како Кина и Индија, но исе соочуваат и со недостаток на средства за чување на тие животни во САД.

„Отсекогаш сме биле во состојба во која нашето производство едвај ја задоволува побарувачката за мајмуни што се користат во истражување, а кога изби пандемијата на коронавирусот имаме уште поголем недостаток“, објасни Бом.

Зошто се користат мајмуните во истражувањата?

Иако здруженијата за заштита на правата на животните се спротивставуваат на употребата на примати во научни експерименти, истражувачите велат дека ваквите практики се клучни за развојот на медицината.

Центарот во Њу Орлеанс на својата веб-страница наведува дека се обидуваат да користат најмал можен број на животни потребни за валидни научни резултати. За жал, во моментов не е можно целосно да се замени употребата на животни со компјутерски модели или истражување на клетки.

„Реакциите на имунолошкиот систем на мајмунот се многу слични на она што го гледаме кај луѓето и затоа овие експерименти можат да ни дадат многу добри показатели за безбедноста и ефективноста на вакцината“, изјави директорот на Центарот, Џеј Рапапорт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.