Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во рамки на хируршките клиники.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 12:28

ФИЛИПЧЕ НА РАБОТЕН СОСТАНОК СО КОЛЕГИТЕ ОД ХИРУРШКИТЕ КЛИНИКИ И КОВИД ЦЕНТРИТЕ НА ИНТЕРНИТЕ КЛИНИКИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче се сретна со д-р Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“.

Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во рамки на хируршките клиники.

На состанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел, во рамки на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.

Во моментот има околу 500 легла во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...