Змаго Јелинчич Племенити, лидер на Словенечка национална странка (СНС), ѝ постави пратеничко прашање на Владата на премиерот Марјан Шарец за „кршењето на човековите права во Македонија“ и побара да ѝ се обраќа со „Република Македонија“.

Објавил: Македонка Димкин | 10 септември, 2019 22:41

Јелинчич побара од Владата на Словенија, Македонија да не ја вика „Северна“

Фото/Текст извор: ©express.mk

„Врз основа на членовите 240 и 248 од Деловникот на Државниот збор, ви поднесувам на писмено пратеничко прашање во врска со ставот на Владата на Република Словенија за кршењето на човековите права и за политичкиот прогон на државјаните во Република Македонија, а во врска со поддршката на Владата за почнувањето преговори на Македонија со ЕУ, кое ѝ го поставувам на Владата на Словенија“, вели во поднесокот претседателот на партијата што на неодамнешните европски избори го кандидираше македонскиот активист Андреј Дочински за пратеник во Европски парламент.

„Република Македонија во октомври очекува потврда за почетокот на пристапните преговори од страна на Европски совет, при што своја согласност мора да даде и словенечката влада.

На 27 април 2017. Република Македонија доживеа едно од најтешките прекршувања на уставното уредување на државата, кога пратениците од владеачката коалиција, спротивно на сите законски прописи, го избраа за нов претседател на Парламентот Талат Џафери, бивш командант на терористичката ОВК. Беше изгласан без законски потребната поддршка и спротивно на парламентарната процедура.

Дека е навистина така, потврдува непостоењето записник од седницата, според кој тој требаше да биде избран. Тоа беше причината што револтираните демонстранти упаднаа во Парламентот истиот ден и што сакаа да се пресметаат со пратениците. За среќа, никому не му се случи ништо посериозно. Малку подоцна лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата изјави дека очекува најстрога казна за сите демонстранти што влегоа во Парламентот. На овој повик, како продолжена рака на власта, одговори државното обвинителство и 33 демонстранти обвини за тероризам.

Меѓу нив беше и светски познатиот оперски пејач Игор Дурловски, кој на протестот само ја испеа македонската химна. Без никакви докази, со политички мотивирани и спроведени судења, на кои им судеше судијка позната по тоа дека е блиска на владеачката СДСМ, 16 демонстранти беа осудени на вкупно 211 години затвор или во просек по 15 години секому. Осудени беа обични граѓани и припадници на опозицијата. Рочиштата се одвиваа во нехумани услови и дневно траеја по 14 часа непрекинато.

Патем да додадам дека македонските државјани од албанска националност, борци на Исламска држава (ИСИС) што се вратија од Сирија во Македонија, во 2018 година поради учество во терористичка организација и за злосторства против човештвото, беа осудени во просек само со по шест години!

На 27 април 2017. Република Македонија доживеа едно од најтешките прекршувања на уставното уредување на државата, кога пратениците од владеачката коалиција, спротивно на сите законски прописи, го избраа за нов претседател на Парламентот Талат Џафери, бивш командант на терористичката ОВК. Беше изгласан без законски потребната поддршка и спротивно на парламентарната процедура. Дека е навистина така, потврдува непостоењето записник од седницата, според кој тој требаше да биде избран. Тоа беше причината што револтираните демонстранти упаднаа во Парламентот истиот ден и што сакаа да се пресметаат со пратениците. За среќа, никому не му се случи ништо посериозно. Малку подоцна лидерот на СДСМ и актуелен претседател на Владата изјави дека очекува најстрога казна за сите демонстранти што влегоа во Парламентот. На овој повик, како продолжена рака на власта, одговори државното обвинителство и 33 демонстранти обвини за тероризам. Меѓу нив беше и светски познатиот оперски пејач Игор Дурловски, кој на протестот само ја испеа македонската химна.

Еден од гонетите демонстранти, Дејан Давидовски, пред да биде уапсен успеа да побегне во Шведска. Македонските власти со меѓународна потерница бараа негова екстрадиција, но шведскиот Суд во август го одби нивното барање. Во 18 точки од судот на земјата членка на ЕУ експлицитно е објаснето дека израчувањето не е можно бидејќи станува збор за политички, а не за казнен прогон, како и дека доказите доставени од страна на Македонија не го докажуваат злосторот поради кој е обвинет – тероризам. Судот во Шведска на Давидовски дури и му понуди можност за политички азил поради политички прогон во Македонија“, пишува Јелинчич до Владата.

„Почитувани, по последните случувања во Република Македонија, откривањето на изнудувачката афера и апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, кои зборуваат за еден од најкорумпираните системи во светот, во кој се вплеткани криминални организации, невладини организации, Владата на Република Македонија, Обвинителството и судиите, во врска со горенаведените дејства, кои дури и суд на земја-членка на ЕУ ги потврди, дека во Македонија е во тек политички прогон на противниците на режимот на Зоран Заев, ве прашувам:

Дали Владата на Република Словенија, и покрај јасно наведените факти за кршењето на темелните човекови права, на што несомнено се потпира криминалната и нелегитимна Влада на Зоран Заев, е за почеток на преговори на Република Македонија за влез во ЕУ под негова палка?“.

На крајот Јелинчич го изнесува својот личен и ставот на партијата пто ја води за името на македонската држава и ѝ порачува на Владата да го следи.

„Како дополнување да појаснам дека Словенечка национална странка не го прифаќа новото, на Македонците натурено и со поткуп и притисок наметнато име на државата, кое се темели на пропаднатиот референдум од 2018 година. Словенечка национална странка секогаш ќе ја именува земјата со нејзиното вистинско име Република Македонија. За самостојна и независна Република Македонија, а не за ‘измислената Северна’, на референдумот во 1991 година гласаа 96,4 проценти од 75,7 отсто од излезените гласачи. На исто однесување (почитување на владеењето на правото и на волјата на нароодот) ја повикуваме и Владата на Република Словенија“, стои во образложението на пратеничкото прашање на Јелинчич.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.