Од 1.058, 474 нови случаи на инфекција се регистрирани во Виена, 191 во Долна Австрија, 126 во Тирол и 111 во Горна Австрија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 октомври, 2020 14:06

АВСТРИЈА ВО ПЕКОЛОТ НА КОРОНАТА: За 24 часа, 1.058 новоинфицирани, повеќето се во Виена, а бројот на смртни случаи е зголемен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во последните 24 часа е забележан нов рекорден број на новоинфицирани лица во Австрија, кој достигна 1.058, што е втора најголема бројка од избувнувањето на епидемијата на коронавирус во таа земја.

Од 1.058, 474 нови случаи на инфекција се регистрирани во Виена, 191 во Долна Австрија, 126 во Тирол и 111 во Горна Австрија.

Тестирани се 15.450 граѓани.

Бројот на починати се зголеми за уште шест, достигнувајќи 809.

Во моментов во Австрија има 8.578 активни пациенти, од кои 494 се хоспитализирани, што е за 25 повеќе од претходниот ден.

Има 97 пациенти на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 47.578 лица биле тестирани позитивно на вирусот корона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.