Од денеска е највозрасниот лидер во историјата на АТП

Објавил: Калина Мартинска | 8 април, 2024 16:56

Ѓоковиќ не запира, урна уште еден рекорд на Федерер

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Новак Ѓоковиќ од денеска собори уште еден рекорд на Роџер Федерер и стана највозрасниот лидер на АТП листата.

Српскиот тенисер со 36 години и 322 дена од денеска е највозрасниот лидер во историјата на АТП листата и во наредниот период само ќе го подобрува овој рекорд. Федерер последен пат на врвот на АТП беше на 24-ти јуни 2018 година кога го прескокна Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во овој момент се подготвува за настапот на Мастерсот во Монте Карло и бидејќи на тој турнир брани само 90 бодови ќе има можност да ја зголеми предноста во однос на ривалите.

Сите рекорди на српскиот тенисер

Њујорк – Иако веројатно никогаш нема да биде обожаван како Роџер Федерер или Рафаел Надал, бројките го прават српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ најдобар играч на сите времиња (GOAT), пренесува Бета.

* 24: рекорден број грен слем титули. Со освојувањето на четвртата титула на УС Опен, Ѓоковиќ го израмни апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 Грен слем трофеи, кој го држеше од 1973 година.

Тој го освои Австралија Опен десет пати (рекорден), Вимблдон седум пати (една помалку од рекордните осум титули на Федерер), УС Опен четири пати (Федерер, Пит Сампрас и Џими Конорс имаат по пет) и Ролан Гарос три пати (надал го држи неверојатен рекорд од 14 титули).

Сепак, неговото одбивање во 2022 година да се вакцинира против Ковид-19 го спречи да игра во Мелбурн и Њујорк. Исто така, тој го пропушти УС Опен во 2019 и 2020 година, каде беше фаворит – прво поради повреда и предавање во осминафиналето, а второ поради дисквалификација. Во 2021 година, титулата во Њујорк му побегна кога Даниил Медведев го спречи да го освои годишниот Грен слем.

Откако Ѓоковиќ го освои својот прв Грен слем во 2008 година (Отвореното првенство на Австралија), Надал освои 19, а Федерер осум.

Тој е единствениот играч во историјата кој го освоил секој од четирите Грен слем турнири најмалку три пати. Рој Емерсон, Род Лејвер и Рафаел Надал го освоиле најмалку двапати, додека Роџер Федерер само еднаш го освоил Ролан Гарос. Кај тенисерките, Маргарет Корт, Штефи Граф и Серена Вилијамс исто така имаат освоено секој Грен слем најмалку три патим пишува Политика.

* 390: се врати рекордот по бројот на недели поминати на бр. 1 на АТП листата по освојувањето на УС Опен.

* 36: рекорд по бројот на одиграни финалиња на Грен слем. Тука Ѓоковиќ е далеку пред Федерер (31) и Надал (30) кај мажите, но и пред Крис Еверт (34) кај тенисерите.

* 10: рекорд по бројот на одиграни и освоени финалиња на Австралија Опен. Тој исто така играше на десет УС Опен, израмнувајќи го рекордот на Бил Тилден и освои четири. Има и десет финалиња на Вимблдон каде само Федерер е подобар со 12. Надал одигра 14 на Ролан Гарос и ги освои сите.

* 4: тој е единствениот играч кој освоил три од четирите Грен слемови четири пати во една сезона (2011, 2015, 2021, 2023). Тој, исто така, стигна до финалето на сите четири Грен слем турнири во една сезона три пати (2015, 2021, 2023).

* 88: број на победи на УС Опен, зад Федерер (89) и Конорс (98). Победи 91 пат на Вимблдон каде рекордот го држи Федерер (105). Тој има рекордни 89 победи на Австралија Опен. Надал го држи рекордот по бројот на победи на Ролан Гарос со 112 триумфи, додека Ѓоковиќ е втор со 92 победи.

* 361: број на победи на Грен слем. Нешто пред него е Федерер со 369 победи.

* 96: број на освоени турнири. Федерер освои 103, Надал 92, а пред сите е Конорс со 109.

* 1.076: број на освоени натпревари, сè уште далеку зад рекордот на Конорс (1.274). Тројца други играчи ја надминаа границата од 1.000 победи – Федерер (1.251), Лендл (1.068) и Надал (1.068).

* 7: рекордни седум години кога ја заврши сезоната како број еден на АТП листата, што е една повеќе од неговиот идол Пит Сампрас. Федерер и Надал имаат по пет.

* 27:23 и 30:29: број на победи и порази против Федерер и Надал. Ѓоковиќ има позитивен учинок против неговите два најголеми ривали – против Федерер 27 победи со 23 порази, против Надал 30 победи и 29 порази.

* 39: рекорден број магистерски титули. Ѓоковиќ е и единствениот играч кој ги освоил сите девет турнири во оваа категорија и повеќе од еднаш.

* 6: рекорден број освоени титули на последниот Мастерс во сезоната. Тој го израмни рекордот на Федерер минатиот ноември во Торино, кога го освои турнирот, кој годишно ги собира осумте најдобри играчи во сезоната.

* 15: рекорден број освоени тај-брејкови по ред на Грен слем турнирите. Тој го постави овој рекорд (три повеќе од стариот рекорд на Сампрас) за време на неговото полуфинале на Вимблдон против Јаник Синер. Статистика која го докажува неговото психолошко влијание врз противниците. Последен човек што му зеде тај-брејк на Грен слем турнир оттогаш беше Французинот Енцо Квакоде во второто коло на последниот Австралија Опен.

* 36 години и 111 дена: Ѓоковиќ стана најстариот победник на УС Опен во опен ерата (од 1968 година). Во јуни тој стана најстариот победник на Ролан Гарос со 36 години и 20 дена. Најстариот грен слем шампион е Кен Роузвол, кој имаше 37 години и два месеци кога го освои Австралија Опен во 1972 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Родена сум во Франција и никогаш не живеев во поранешна Југославија. Тато многу брзо се вклопи како Французин. Јас сум Французинка во главата, а Србинка во срцето.

Француска тенисерка го поддржа Ѓоковиќ: И за мене Косово е Србија!

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ...