Писмото на Јанева е во координација или под притисок на власта за да заобиколат процедурата и опозицијата !

Објавил: Узунов Бобан | 5 септември, 2019 8:45

Адвокатот Митровски: Писмото на Јанева е во координација или под притисок на власта за да се заобиколи опозицијата !

Фото/Текст извор: ©магазин

Адвокатот Јанаки Митровски кој често во јавноста ги толкува случувањата поврзани со СЈО, преку својот фејсбук профил напиша  дека наредбата односно писмото на Катица Јанева дадено од притвор со која сите предмети од СЈО треба да се префрлат во ЈО е дадена под координација или притисок на власта со цел да се заобиколат законските процедури и да се минираат преговорите со опозицијата. 

Писмото или полномошното на Јанева е во координација или под притисок на власта со што ќе се обидат да ја заобиколат процедурата и опозицијата.На линија е и Републичкото обвинителство кое вели ете нема проблем Катица ни ги дава предметите, иако за тоа нема законски основ.

Главен виновник за настанатата состојба е советот за јавни обвинители кој досега требаше да ја стави во мирување функцијата и времено да ја одалечи за да не го гледаме циркузов.Наредбите не се обврзувачки бидејки не се во согласност со Законот за СЈО согласно кој надлежност на предмет СЈО има кога ќе започне своја истрага или воспостави надлежност врз постоечки предмет со одлука на Јанева. Законот нигде не предвидува враќање на еднаш воспоставената надлежност, но Јанева не престанува да изненадува.
Во однос на тоа дали оваа нapедба треба да биде почитувана одговорот е не бидејки е пpoтивзаконита, а генерално сите вработени имаат право и обврска да одбијат незakонита нapедба. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.