Портпролот на ВМРО, изјави дека со ваквиот чин, власта пред армии од повеќе држави ја посрамоти Република Македонија и припадниците на АРМ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 19:09

Арсовски: Со отстранување на името од униформмите на АРМ, СДСМ не посрамоти пред сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција изјави дека раководството на СДСМ, се срами од името Република Македонија.

Зоран Заев, Стево Пендаровски и Радмила Шекеринска како Влада на СДСМ се срамат од името Република Македонија. На вчерашниот настан во Македонската Филхармонија, на заедничкиот концерт на оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, од македонските парадни униформи беше тргнато државното име Македонија, изјави Арсовски.

Униформите на припадниците на АРМ, без ознака на државата.

Димче револтиран од случката со воените униформи изјави дека задолжително е на нив да стои името на државата, но на униформите на припадниците на АРМ немааше испис која држава ја претставуваат.“

„Воените оркестри од повеќе држави на своите униформи имаа ознаки која држава претставуваат, само македонскиот не. Заев, Пендаровски и Шекеринска спротивно на закон и чл. 32 од Уредбата за единствениот знак за припадност на АРМ, кој вели дека на униформите задолжително стојат и ознаките на Република Македонија вчера организираа концерт на кој припадниците на АРМ на униформите немаа испис која држава ја претставуваат.“

Портпролот на ВМРО, изјави дека со ваквиот чин, власта пред армии од повеќе држави ја посрамоти Република Македонија и припадниците на АРМ. Тој додаде дека премиерот Заев, Шекеринска и Пендаровски ги кршат и законите само за да ја посрамотат и понижат, и обесчестат Република Македонија и Армијата на Република Македонија и вели дека понижувањето на државата мора веднаш да запре.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.