Отец Бобан потсетува дека целото тоа славје околу огновите се случува за време на строг пост, а ние за време на тој строг пост, преку паганскиот обичај, пуштаме музика, играме оро, се прејадуваме, пиеме алкохол.

Објавил: Едмонд Бекири | 6 јануари, 2022 11:11

Бадниковиот оган е Пагански обичај – црквата ја забранува оваа традиција „Не палете оган, дрвјата дај те ги на сиромашните“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Традиционално, ден пред Божиќ во повеќето маала се пали Бадников оган каде се служи посна храна, грана ракија и се пеаат божикни песни, но пред неколку години за оваа традиција се крена црквата која вели дека тоа е Пагански обичај.

Отец Бобан вели утре не палете оган, дајте ги дрвата на сиромашните.

-Не палете оган утре, не играјте оро, не прејадувајте се и не пијте алкохол. Таквиот обичај е спротивен на црковното учење, велат свештениците. Според нив коледарскиот оган е пагански обичај кој не е во контекст на вистинското празнување.

Во Евангелието се вели дека навистина пастирите стоеле покрај огнот чувајќи ги своите стада. Им се јави ангел господов којшто им ја соопшти радосната вест за раѓањето на спасителот на светот. Но седеле во мир и во тишина. А ние денес околу огновите правиме толку бука што и да ни се јават ангелите за да не израдуваат со некоја вест ние нема да ги слушнеме, вели Отецот Бобан од скопската епархија.

Отец Бобан потсетува дека целото тоа славје околу огновите се случува за време на строг пост, а ние за време на тој строг пост, преку паганскиот обичај, пуштаме музика, играме оро, се прејадуваме, пиеме алкохол.

-Утредента треба да одиме во црква, а никој од нас не е во црква. Затоа огновите, доколку сакаме да постојат, најдобро е да ги преместиме во самиот храм и притоа прво сите да присуствуваме на Бадник во самиот храм на вечерната богослужба, да излеземе надвор доколку се запали некаков оган и сите да заминеме дома во мир и тишина. Да нема прејадување, да нема алкохол, музики кои не се во контекст на христовото празнување. Па нели е пологично да има црковна музка, самите ние да пееме црковни песни, очекувајќи го празникот кој е поврзан со Бога и со раѓањето на спасителот, вели Отецот.

Отецот од скопската епархија запрашува зошто не направиме поголемо похумано дело давајќи ги дрвјата на сиромашните, наместо да ги трошиме за пагански обичаи.

Зошто трошиме толку дрвја на тој ден за ништо, кога можеме тие дрвја да ги дадеме на сиромашните да се згрејат во своите домови. Така правиме поголемо дело отколку што ќе играме ќе пиеме и јадеме вонконтекст на празнувањето на христијанските празници, апелира отец Бобан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.