„Дедо Мраз да држи дистанца, редовно да ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2020 12:11

Белгиската влада му напиша на Дедо Мраз: Држете се на дистанца, мијте ги рацете и носете маска

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Рестриктивните мерки ширум Европа доведоа до тоа владите на многу земји да даваат упатства на сите што носат костуми на Дедо Мраз да се држат на дистанца и да носат маски, објави Ројтерс.

Властите на Европската унија се обидуваат да им овозможат на граѓаните да го слават Божиќ во семејниот круг и да ги ублажат ограничувачките мерки дозволувајќи пет лица да бидат присутни во едно домаќинство за Божиќ, што повеќето Европејци го слават на 25 декември.

Многумина ќе ги откријат своите планови оваа недела и ќе размислат на кој начин ќе го слават Божиќ!

Белгискиот премиер Александар де Кроа е загрижен за третиот бран што може да следи, откако вториот започна да слабее.

Или ќе го прекинеме третиот бран за Божиќ или третиот бран ќе започне тој ден“, рече Де Кро, кој планира да слави само со сопругата и двете деца.

Белгиската влада дури му пишала на Свети Никола, односно како што го нарекуваат овој светец на Запад, Дедо Мраз, кој традиционално им дели подароци на децата на 6 декември.

„Дедо Мраз да држи дистанца, редовно да ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.