Билт во колумна за Вашингтон Пост истакна дека одлуката за неотпочнување преговори со Македонија, може да го урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 10:47

Билт: Француското вето за Македонија и Албанија е вето и за Србија, Црна Гора и Босна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билт истакна дека нема сомнеж дека Брегзит е стратешка катастрофа за ЕУ. Билт посочува дека изгледа малкумина од земјите членки се оние кои сфаќаат дека всушност Унијата се движи во правец на уште една стратешка катастрофа на западниот Балкан.

Никој не верува дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе се случи веднаш. Тоа беше прашање на почнување на децениски процес на преговори и реформи“, пишува Билт во колумната.

Билт во колумна за Вашингтон Пост истакна дека одлуката за неотпочнување преговори со Македонија, може да го урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот

„Минатата недела Франција го блокираше почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, спротивно на препораката на Европската комисија и војлата на други земји членки. Таквата одлука може да го урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот“, пишува Билт .

Во својот текст објавен во престижниот Вашингтон Пост, поранешниот шведски  премиер вели дека всушност француското вето за Северна Македонија и за Албанија, не е рампа само за овие држави. Тој вели дека неотпочнувањето на преговори со овие две држави може да се толкува како вето за влез во ЕУ и за Србија, Црна Гора и Босна.

Всушност, вели Билт, Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција што реши долготрајниот спор за името меѓу двете земји требаше да биде де факто предуслов за почнување на патот кон ЕУ. Сега, вели тој, Париз вели дека тоа ќе треба да почека на некакви непрецизирани реформи во ЕУ во наредните години, а можеби и децении.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.