Од информациите кои се пренесуваат Боки 13-ка се повикувал на партиски познанства

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јули, 2018 12:29

Боки 13-ка барал и по 200.000 евра рекет за реклами

Фото/Текст извор: ©ОхридСкај

Бојан Јовановски познат како Боки 13-ка – косопственик на новоформираната 1ТВ барал од бизнисмени и до 200.000 евра за реклама на неговата телевизија – пренесува од свои извори порталот ОхридСкај.

Боки 13-ка кој постојано се дружи со членови на СДСМ од сите ешалони од пратеници и министри до градоначалници и партиски функционери при што како најдобар пријател го истакнува генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски од одредени бизнисмени барал да се рекламираат на неговата телевизија користејќи ги контактите со политички моќници.

Ваквиот однос предизвикал револт кај бизнис заедницата кои негодувале но Јовановски имал добри информации кои компании колку профит остваруваат и можат да ги платат рекламите кои сам ги барал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.