Националниот музеј е отворен во 1818 и спаѓа во еден од најстарите и најпрестижните во Бразил, културната и научна институација имаше над 20 милиони вредни предмети

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 14:25

Бразил: Огнот голтна 200 години работа, истражувања и знаење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Музјот во кој се наоѓаат колекција од Египет, грчко римски артефакти и некои од првите фосили најдени во Бразил бил затворен за јавноста кога избил пожарот вчера во 19.30 часот по локално време или 00.30 во понеделник по средноевропско.

„Засега нема жртви. Пожарот се ширеше многу брзо, има многу запаливи нешта низ музејот“, изјави за Франс прес портпаролот на пожарникарската служба на Рио де Жанеиро.

Снимките од воздух на телевизијата Глобо ја покажуваат импозантната зграда, со површина од 13.000 квадратни метри како со часови ја „голта“ огнот. Иако пожарникарите пристигнале брзо пожарот се раширил низ салите на музејот уништувајќи се по пат.

Портпаролот на пожарникарите Роберто Робареј кажа дека 80 пожарникари се бореле со огнот и дека до полноќ по локално време тој речиси бил под контрола, а бил совладана за неколку часа.

Бразилскиот претседател Мишел Темер кажа дека ова е „тажен ден за сите Бразилци“.

„200 години работа, истражувања и знаење се изгубени“, истакна Темер во соопштението.

Пожарникарската служба соопшти дека дел од експонатите од музејот се спасени, а дека пожарникарите со помош на вработените во музејот успеале да тргнат многу нешта од објектот.

Националниот музеј е отворен во 1818 и спаѓа во еден од најстарите и најпрестижните во Бразил. Културната и научна институација има над 20 милиони вредни предмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.