Во соопштението од Министерството, се препорачува граѓаните да не „одат на туристички патувања“ во Брисел, поради тоа што за седум дена бројот на нови пациенти со Ковид-19 ја надмина границата од 50 случаи на 100.000 жители, пренесе Хина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 9:34

Брисел прогласен за ризичен град поради коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи, земјата го прогласи прогласи градот Брисел за ризична област заради големиот број заразени од коронавирус.

Во соопштението од Министерството, се препорачува граѓаните да не „одат на туристички патувања“ во Брисел, поради тоа што за седум дена бројот на нови пациенти со Ковид-19 ја надмина границата од 50 случаи на 100.000 жители, пренесе Хина.

Германија пред две недели ја вклучи белгиската провинција Антверпен на списокот на области со ризик, така што повратниците од овие области треба да бидат тестирани при враќањето во земјата и да бидат ставени во карантин, се додека не се добијат резултатите од тестот.

Имено вчера генералниот дирекор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус истакна дека се надева дека кризата со Ковид-19 ќе помине за помалку од две години, г

Тој додаде дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траеше две години.

– Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо, посочи Гебреисус.

До сега во светот со новиот коронавирус инфицирани се 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 луѓе. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.