По пет години "апстинирање" од јавноста и аферите Бузлевски се враќа на сцената како бизнисмен и консултант за милионски суми

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 8:44

Бузлевски зел 30 милиони за консултантски услуги од градоначалник на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Огромен тендер за консултански услуги доделен на компанија која ја води поранешниот висок функционер на владејачката СДСМ Димитар Бузлевски од страна на еден градоначалник од редовите на владејачката партија.

Постапката e проследена со низа нерегуларности. Додека јавноста сеуште не знае за кој градоначалник се работи и за што се потрошени парите.

Во периодот од 20-ти декември 1994-та година до 29-ти мај 1997-ма година Бузлевски ја извршуваше функцијата Министер за урбанизам – градежништво – транспорт и екологија на Република Македонија и до 1998-ма година беше потпретседател на Владата на Република Македонија.

Бузлевски бил и член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија – член на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска. Во 1998-ма година бил избран за пратеник на Собранието на Македонија.

На Локалните избори од 2005-та година Бузлевски беше избран за Градоначалник на Општина Ресен и на оваа функција се задржал до 2009-та година. Во 2012-та година беше исклучен од членството на СДСМ по кое на Локалните избори од 2013-та година самостојно се кандитираше повторно за Градоначалник на Општина Ресен но на изборите на победи. 

Последните години Бузлевски влегува во бизнис со огромни тендери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.