Верушевски избегнува да сведочи против Мијалков

Објавил: Узунов Бобан | 6 септември, 2019 10:58

Верушевски избегнува да сведочи против Мијалков, не се појавува во судот, а никој не бара стражарно приведување ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Основниот суд Скопје 1 подолго време го бара ексразузнавачот Зоран Верушевски и не може да го најде ни на адресата на која живее, ни на работа во Владата, кај што го советува премиерот за безбедносни прашања.

Зоран Верушевски е еден од главните сведоци во „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување и требаше денеска да сведочи.

„На 6.7.2019 година не се јавил во Кривичниот суд да подигне покана. Судот направи обид да го најде на неговото работно место во Владата кај што е советник за национална безбедност. Постои приемен печат во Владата, но судот нема доказ дека ја примил поканата“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

Потоа таа праша:

„Дали СЈО има инфо за промена на адресата?“, рече обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов.

Потоа Бегтовиќ наведе:

„Нема податок ни за промена на адресата, ни за неговото звање, односно работно место“.

Пак ќе го бара судот, но никој не побара негово стражарно приведување.

„И ние ќе се потрудиме да го најдеме“, рече Пеливанов, но не побара стражарно приведување на Верушевски.

Судењето се одложи за 23 септември 2019 година.

Обвинети во „Тврдина-Таргет“ се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Тони Јакимовски (тогашен шеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов, Надица Николиќ, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Марјан Шумуликовски. Обвинети се и избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.