Во своето обраќање на крајот од спотот, Пендаровски повикува на обединување и потстетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел.

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 18:43

ВИДЕО СПОТ ОД СДСМ: „Сите едно пееме полиња со среќа полни жнееме„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска беше промовиран видео спот од прес-центарот на СДСМ за почеток на претседателската кампања на кандидатот, Стево Пендаровски.

Со стиховите „Сите едно пееме, вечерва од љубов семе сееме, полиња со среќа полни жнееме, еден свет без граници да живееме“, песната на Стево Пендаровски  силна порака за заедништво и единствената иднина која ја има Република Македонија.

Спотот испраќа порака од убавините на нашата земја, планинските врвови и реки и единственото македонско зајдисонце, прекрасното Охридско езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

Пендаровски повикува на обединување и потсетува дека патот што го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме.

„Заедно напред. Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“, завршува Пендаровски.

Денеска беше промовиран видео спотот за песната „Сите едно пееме“, со која и го најави официјалниот старт на кампањата на кандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.