И во Битола и битолско ќе е прска против комарци од транспортно возило од понеделник

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 9:18

Во Битола и битолско против комарци ќе се прска ама од понеделник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општините Битола – Могила и Новаци Центарот за јавно здравје од Битола ќе спроведе превентивна систематска дезинсекција како општа противепидемијска мерка.

Екипи на Центарот за јавно здравје од понеделник 20-ти август до петок 24-ти август на подрачјето на општина Битола ќе ја спроведат третата фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека во понеделник и вторник 20-ти и 21-ви август третата фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците ќе ја спроведат и во општините Могила и Новаци.

Битола има спортски аеродром и не е јасно зошто сите општини Битола како и Новаци и Могила кои произлегоа со територијалната поделба го прават овој процес на ваков начин?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.