Град со зрна со големина од 25 сантиметри падна во Германија

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 10:25

Во Германија падна најголемиот град регистриран досега во Европа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемиот град што некогаш паднал во Европа е регистриран во Германија и тоа со големина на зрното од 25 сантиметри соопшти Технолошкиот институт во Карлсруе Германија.

Град е назив или име за врнежи во облик на топчиња од мраз. Ваквиот вид врнежи нанесуваат огромна штета особено во земјоделието и се сметаат во класата големи временски непогоди.

На второ место е Италија каде што е регистрирано зрно со дијаметар од 17 сантиметри третото место го делат Франција и Велика Британија со големина на зрно град од 15 сантиметри.

Македонија пак може да се пофали со “државен рекорд” од шест сантиметри.

Најголемото зрно град на континентов е регистриран на 10-ти август 1925-та година близу Хамбург северна Германија. Леденото парче било во облик на неправилен сфероид со димензии 25 х 14 х 12 сантиметри.

Најмногу денови со врнежи на град во текот на една година се забележани во Полска – 111 дена. Следат Чешка со 94 и Германија со 90 денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.