Денеска во Париз беше формирана коалиција од европски армии подготвена да реагира за време на кризи

Објавил: Перо Милчин | 7 ноември, 2018 21:48

Во Европа формирана коалиција за одбрана

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Иницијативата е предводена од Франција, а таа нема да се натпреварува со НАТО сојузот, велат нејзините поддржувачи. Таа, исто така, донекаде ги одразува стравувањата од поизилациската американска политика на претседателот Доналд Трамп и се поголемиот растечки национализам во Европа.

Во коалицијата предложена од Франција, се Германија,  Велика Британија, Белгија, Естонија, Холандија, Данска, Шпанија и Португалија. Денеска, се приклучи и Финска. Целта е учесниците да соработуваат во планирањето, анализирањето на новите воени, и хуманитарни кризи и во случај на воена реакција.

– Во ситуација кога геополитичките и климатските закани и потреси се зголемуваат, иницијативата треба да испрати порака дека Европа е подготвена и Европа има можности, рече претставник на француското Министерство за одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.