Се почеста појавата на пожари на отворено во штипско

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 8:22

Во штипскиот регион расте бројот на пожарите на отворено

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во штипскиот регион заврши жетвата на житните култури но почнаа пожарите на отворено алармираат штипските пожарникари.

Командитор на Територијалната противпожарна единица [ ТППЕ ] Штип Тони Атанасов вели дека за само една недела имале вкупно десет интервенции од кои седум се на отворено.

Пожарникарите гаснеле запалени стрништа во атарите на Карбинци Лакавица и Калимерово.

“Временските прилики или неприлики си го прават своето и опасноста од појава на вакви пожари е значително поизразена. Јас би апелирал до нашите сограѓани пред се до земјоделците и оние кои се движат низ шума да внимаваат каде фрлаат отпушоци и да не ги палат стрништата.” – вели Атанасов.

Тој апелира граѓаните кога ќе забележат пожар на отворено веднаш да се јават во противпожарната единица.

“Многу е важно при палењето или кога ќе забележат пожар моментално да ја информираат ТППЕ бидејќи секоја секунда ни е многу значајна и навременото стигнување на местото на пожарот значи помали последици односно помали штети.” – рече Атанасов.

Во овој период забележано е и зголемување на бројот на запалени возила за среќа нема повредени и човечки жртви но штетите за сопствениците на возилата се големи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.