Вучиќ изјави дека нема право да им кажувам на Србите од Македонија што да прават со референдумот и дека тоа Заев мора да го знае

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 8:25

Вучиќ со дипломатски “шамар” за Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Македонија Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретнаа на граничниот премин Табановце – ­Прешево каде најавија дека ќе започне да се применува заедничкото гранично управување или проектот „One stop shop”.

Со овој проект се очекува да се скрати времето на царинење и на контроли.

Со едно застанување на заедничка испостава ќе се преполови времето на чекање на граѓаните, превозните средства и стоките. Проектот е во финална фаза и институциите од двете држави се подготвени да го имплементираат. Овој концепт за првпат ќе се применува на овој граничен премин, со Република Србија, рече премиерот Заев, кој се заблагодари на Светска банка која преку Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, го поддржува ваквиот проект.

Сето тоа е дел од заедничката економска агенда на Западен Балкан којашто ЕУ ја заокружи, а ние премиерите на Западен Балкан ја потврдивме на самитот во Трст. Навистина ми е драго што шенген механизмите ги воведуваме овде, односно ја носиме Европа овде на Блаканот.

Тој додаде дека ова е уште еден пример на големото пријателство на Македонија и Србија, кое секогаш, истакна, е докажано. Изрази уверување дека ќе расте во наредниот период и во делот на отворање на нови гранични премини на што, како што истакна, работат двете влади, како и на унапредување на соработката.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека заедничкото управуавње ќе го скрати времето на поминување, бидејќи на исто место ќе се извршат сите проверки од царински до ветеринарни.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да ги поттикнува Србите од Македонија да гласаат, да не гласаат, или пак како да гласаат на референдумот на 30 септември за прифаќање на договорот од Преспа.

Немам право некого да повикувам или да не повикувам да прави нешто, тоа би било нефер. Се што придонесува за регионалната стабилност е од значење за цел регион – рече Вучиќ, запрашан од новинарите дали ќе ја повика српската заедница од Македонија да учествува на референдумот и позитивно да се изјасни.

Тој додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на други држави и дека му дава поддршка на се што води кон стабилност во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.