На прашањето на кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор? Георгиевски вели дека одговорот е многу едноставен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јуни, 2019 12:16

Георгиевски со изненадувачка изјава: Гоце Делчев бил директор и учител во бугарско училиште во Штип

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Љупчо Георгиевски еден од основачите на ВМРО, во една изјава истакна дека револуционерот за кој Бугарија ја спори Македонија, дека Гоце Делчев бил директор и учител во бугарско училиште во Штип.

Љупчо Георгиевски е претседател на ВМРО-Народна партија. Тој е првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, од нејзиното основање во 1990, до мај 2003 година. Тој е првиот потпретседател на Република Македонија по прогласувањето на нејзината независност во 1991 година. Од 1998 до 2002 бил Премиер на Република Македонија.

На прашањето на кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор? Георгиевски вели дека одговорот е многу едноставен.

Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип.
Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште?
И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев, сите тие беа учители на Бугарските училишта во Република Македонија.
Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два…- изјави вчера Љупчо Георгиевски.

Инаку пред само неколку дена по повод неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот 7 октомври, министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, објасни дека Гоце Делчев е Бугарин односно дека самиот кажал што е по националност, а тоа го напишал десетина пати. 

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече дека овој датум, кој ја одбележува годишнината кога Бугарија и ги предала на Македонија останките на револуционерот, за неа е сосема неприфатлив бидејќи, се поврзува со Коминтерната и со Тито.

Според Министерката за надворешни работи на Бугарија, предавањето на коските на Гоце Делчев, е едно од најголемите предавства кон Бугарија.

-Гоце Делчев самиот кажал што е по националност, односно Бугарин, тоа го напишал десетина пати. Се додека продолжуваат да ги едуцираат своите ученици со лажниот национализам, ништо нема да се смени. Поентата е да се почне промена во менталитетот – рече Захариева.

Извор: Сител.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.