Кире Лазаров им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

Објавил: admin@magazin | 6 јануари, 2019 17:03

ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕЦ : Лазаров ги исполни новогодишните желби на децата од Детска клиника

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата , посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо мраз кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди.

Желба за побрзо оздравување им посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од „Форца”. Лазаров им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз. Меѓу дечињата беше Мерџан кој има 13 години и тој не верува во Дедо Мраз но го препозна Кире, многу возбуден што е во неговата болничка соба , на средбата му посака многу среќа на Светското Првенство и му го покажа телевизорот на кој ќе го гледа и ќе навива за Македонија.

Капитенот Лазаров му вети дека до почетокот на Мундијалот ќе му испрати и дрес за Мерџан. Дел од дечињата беа заминати за празниците дома нивните подароци од Кире и „Форца” медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.