Новото јавно претпријатие ќе се вика „Градски енергетски системи АД Скопје“ и ќе врши енергетски дејности.

Објавил: admin@magazin | 21 јуни, 2018 14:35

Град Скопје основа ново јавно претпријатие

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Советот на Град Скопје на седница во својство на Собрание на акционерите го усвои статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие, кои понатаму ќе изберат управен одбор од пет члена. Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување со природен гас и топлинска енергија како дејности од јавен интерес од локално значење.

Од Град Скопје велат дека со ова се создаваат услови за преземање на топловодната мрежа и започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе може да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.